Wordle Forms е клон на популарната игра Wordle изградена во Windows Forms
Изработена како проектна задача по Визуелно програмирање на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство од Андреј Даскалов. Плус, никогаш не е доволно Wordle клонови :-)
Накратко: концептот е копија на оригиналот, имплементацијата не е.
Во градењете на апликацијата не е користено source од оригиналот, сите алгоритми и функционалности се изградени по процес на набљудување на однесувањето на оригиналот и самостојно осмислување/тестирање на соодветна имплементација.
Дизајнот, иако е сличен и очигледно инспириран од оригиналот, има некои измени.
Забелешка: самите листи на зборови кои ги користи апликацијата се преземени од следниве линкови: Листа на валидни зборови , Листа на одговори
Се игра исто како оригиналот: играчот има 6 шанси да погоди збор од 5 букви, а притоа играта ги означува буквите:
- зелени доколку се во зборот и на точна позиција
- жолти доколку се во зборот но на погрешна позиција
- затемнети доколку не се во зборот
Самата игра содржи и упатство при прво вклучување на играта или при кликање на иконата за помош во главната форма:
Во овој solution се вклучени 2 проекти:
од кои Wordle Forms е главната тема, а WordListProcessor е помошна алатка за проектот
Деталната документација е сместена во wiki.
доколку имате прашање можете да ме контактирате на andrej.daskalov@gmail.com или доколку сте од УКИМ, може да ме побарате на студентскиот емаил: andrej.daskalov@students.finki.ukim.mk